ПОКАНА ЗА ПАРТНЕРСТВО НА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ

Ставете го вашето име таму каде што 100 луѓе прават игри 48 часа.

РазИгра 3.0 — независен битолски Game Jam.
Јануари 2027, KAMAi MEDIA, Битола.

Датум
ЈАНУАРИ 2027
Место
БИТОЛА
Капацитет
100 УЧЕСНИЦИ
Траење
48 ЧАСА

01 — ЗОШТО ОВОЈ ЏЕМ

Настан со долга традиција

Битолскиот Game Jam постои од 2013. РазИгра 3.0 ќе биде четиринаесеттото издание и третото како целосно независен настан.

ВНИМАНИЕ, НЕ ИМПРЕСИИ

Три дена во иста просторија — името ви стои на ѕид, маица и во секое соопштение.

ЛУЃЕ ШТО ПРАВАТ РАБОТИ

Програмери, уметници, музичари, дизајнери и студенти на едно место.

МЕСТО ВО САМАТА ИГРА

Модификатор со ваше име и награда за тимот што ќе го исполни.

ЛОКАЛНО, СО ОБРАЗ

Битола останува на регионалната gamedev мапа. Поддршка што се памети.

02 — ПУБЛИКА И ДОСЕГ

Кој е во салата и кој гледа однадвор

100 натпреварувачки места за 3.0
50 + 100+ учесници и публика на последното издание
1.000+ луѓе поминале низ џемот во 13 изданија од 2013 година.
1.600+ фотографии во јавната архива од 2013 година
13 завршени изданија — првото се одржа во 2013

03 — ШТО ДОБИВАТЕ

Каде стои вашето име

Листата е целосна. Што влегува во договорот зависи од пакетот.

ВИДЛИВОСТ

  • Лого на сајтот и во ранг-листата во живо
  • Лого на печатени материјали и банери
  • Лого на маиците
  • Најава на Discord
  • Спомнување на Facebook и Instagram
  • Спомнување на отворање и на награди

УЧЕСТВО ВО СОДРЖИНАТА

  • Свој модификатор — предизвик со ваше име и награда
  • Кратко обраќање или предавање
  • Ваши луѓе како ментори или жири
  • Маса за демонстрација

ПО ЏЕМОТ

  • Фото и видео, слободни за употреба
  • Кратка завршна нота
  • Логото останува во архивата
  • Игрите остануваат објавени

04 — ПАКЕТИ

Четири начини да учествувате

ВО НАТУРА

Производ или услуга наместо пари

  • Храна, пијалок, опрема, простор, превоз, печатење
  • Лиценци, кредити или попусти за алатки
  • Лого на лентата и спомнување на Discord
  • Ознака кај тоа што сте го обезбедиле

ПРИЈАТЕЛ

Најмал чекор — локални фирми и мали тимови

  • Лого на сајтот и во ранг-листата
  • Лого на печатените материјали
  • Благодарност во објавите
  • Спомнување на отворањето
  • Фотографии за ваша употреба

ПАРТНЕР НА МОДИФИКАТОР

Улога во самата игра

  • Сè од „Пријател“
  • Свој модификатор со ваше име
  • Награда за тимот, доделена од вас
  • Поистакнато лого и посебна објава
  • Учество на ваш промотер

Пакетите се појдовна точка. Ако сакате нешто друго — предложете.

05 — КАДЕ ОДИ ПОДДРШКАТА

Џемот нема буџет освен овој

Организира KAMAi MEDIA со волонтери. Поддршката оди тука:

НАГРАДИ
За тимови и поединечни категории. Првото што расте кога има поддршка.
ХРАНА И ПИЈАЛОК
Три дена оброци, грицки и кафе. Најголемата ставка.
ПРОСТОР И ОПРЕМА
Интернет, струја, маси, столчиња, кабли, светло.
МАТЕРИЈАЛИ
Маици, беџови, банери — работите што остануваат по викендот.
ДОСТАПНОСТ
Настанот да остане отворен за ученици и студенти.
ДОКУМЕНТАЦИЈА
Фото и видео во јавната архива од 2013 наваму.

06 — СПОНЗОРИ И ПРИЈАТЕЛИ

Кој ја поддржа РазИгра 2.0

Благодарност до партнерите што го направија последното издание возможно.

KAMAi MEDIA Radio 106 Pizza Metro KAMAi Audio Пекара Зоел Ком

07 — ДОСЕГА

Кој стоеше зад последното издание

РазИгра 1.0: 30 јануари – 1 февруари 2026. Дванаесет игри за 48 часа.

Лента со логоата на спонзорите на РазИгра 1.0: Бурекџилница Мечо, Кус-Кус, KAMAi MEDIA, Pizza Métro и Прилепска Пиварница.
Спонзори и пријатели на РазИгра 1.0.

Тимовите, резултатите и снимката се во архивата.

08 — ЧЕСТИ ПРАШАЊА

Практични работи

Кога е последниот момент да се јавиме?

Што порано, толку подобро. За печат и маици ни треба околу една недела пред џемот. Дигиталните работи може и истиот ден.

Во каква форма ни треба логото?

Вектор (SVG, AI или EPS) или PNG со проѕирна позадина, најмалку 1000 px. Ако имате бренд-упатство, пратете го.

Може ли да дадеме награда, а не пари?

Може. Награди, опрема, храна, лиценци и услуги се добредојдени — пакетот „Во натура“.

Дали може да дојдеме и да видиме?

Да. Публиката нема лимит. Јавете се и ќе ве очекуваме.

Со кого се склучува договорот?

Организатор е KAMAi MEDIA, Битола. Документацијата ја решаваме преку контактот подолу.

08 — КОНТАКТ

Еден мејл е доволен

Одговараме со конкретна понуда.

[email protected] 078 641 708
НАПИШИ НИ МЕЈЛ

ЗА ДА ОДИ ПОБРЗО:

  1. Кој сте и што работите
  2. Што можете да дадете
  3. Што ви е важно назад
  4. До кога ви треба одговор

KAMAi MEDIA · Македонска Фаланга ББ, Зграда бр. 13, Битола · на мапа